Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рим (26.05.2006)

На денот на светите Кирил и Методиј, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во присуство на официјална македонска делегација од високи државни претставници отслужи Молебен на гробот на Свети Кирил, во црквата на Свети Климент папа Римски во Рим.

Делегацијата којашто во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ се поклони на гробот на рамноапостолниот сесловенски просветител ја предводеше претседателот на Република Македонија, г-динот Бранко Црвенковски.