Македонскиот амбасадор во Русија одликуван од Рускиот Патријарх (26.05.2006)
Вечерта, на 24 мај 2006 година, во храмот на Христос Спасителот во Москва, на прославата на Деновите на словенската писменост и култура, Неговата Светост патријархот Московски и на цела Русија Алексиј II им врачи награди од Европскиот Комитет при Обединетите нации на учесниците коишто дадоа допринос во укрепувањето на врските меѓу словенските народи. Меѓу наградените со орденскиот медал Вите беше и амбасадорот на Република Македонија во Русија, г-динот Ристо Никовски.
информацијата е преземена од:
официјалниот сајт на Руската Православна Црква