Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вознесение Христово (06.06.2006)

Празникот на Вознесувањето на Господ Исус Христос - Спасовден, Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј го прослави со свечена Божествена Литургија во црквата на светото Вознесение Христово - свети Спас во Велес, во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Агатангел. На Светата Литургија зедоа учество и поголем број на свештенослужители од Повардарската и Брегалничката епархија.

 

 

        

 

 

По завршувањето на Литургијата Митрополитите и свештенослу­жителите се упатија во дворното место на велешката Гимназија и младинскиот парк, кадешто пристапија кон осветување и положување на камен темелник за црква, која ќе го носи името на големите сесловенски браќа светите Кирил и Методиј.

На оваа ретка свеченост присуствуваа околу две илјади верници - Велешани, кои беа радосни поради овој чин бидејќи после 160 години повторно во градот Велес се осветува камен темелник за започнување на градба на црква. На свеченоста беше евидентно присуството на истакнати градски лица, Иницијативниот одбор за изградбата, повеќемина бизнисмени, како и градоначалникот на Велес, г-дин Аце Коцевски.

 

 

                                                      

 

 

Проектант на црквата е неодамна починатиот архитект г-дин Тодор Паскали, кој остави вреден творечки печат врз многуте црковни зданија градени во Р. Македонија, а на овој начин и посмртно продолжува неговиот творечки опус. Архитектонскиот лик на црквата во изградба ќе биде копија на црква на Пресвета Богоордица во Калишта, со поголеми пропорции, а веќе за една година се очекува и првиот дел од изградбата (финализирање на карабината) да биде завршен. Донатори за изградбата се верниците од Велес и од Повардарската епархија.

 

известува: свештеник Игор Никовски