Европска епархија на МПЦ (10.06.2006)
Негово Преосвештенство, Епископот г. Пимен, администратор на Европската епархија на Македонската Православна Црква, на 7 и 8 јуни 2006 година во Стокхолм оствари средба со генералниот секретар на Шведскиот Христијански Совет, свештеникот Sven-Bernhard Fast. На средбата присуствуваше и координаторот за православните Цркви во Шведскиот Христијански Совет свештеникот Миша Јакшиќ. Епископот Пимен се сретна со г-динот Jan–Erik Levy, генерален секретар на Одделот за доделување на државни донации на верски организации во Владата на Шведска и неговиот соработник г-дин Sven-Erik Andersson. Во амбасадата на Република Македонија во Шведска Епископот Пимен оствари средба со г-ѓа Славица Цаневска и нејзините соработници. Попладнето се сретна и со Македонците во Стокхолм. На 09.06.2006 година Епископот г. Пимен беше примен од бискупот на Шведската лутеранска црква за Јужна Шведска во Лунд. Исто така тој се сретна и со старешината на шведската црква на св. Јован во Малме, свештеникот Per Lidbeck и со претседателот на Христијанскиот Совет во Малме свештеникот Magnus Ros. На сите овие средби се разговараше за разни теми од духовниот живот на Македонците и Македонската Православна Црква во Шведска, која на овие простории непрекинато е присутна повеќе од триесет години.