Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на темели на нова црква во Скопје (10.06.2006)

Во понеделник, на 12 јуни 2006 година, со почеток во 11 часот, ќе биде осветен и поставен камен-темелник на новата црква во населба Влае, Скопје. Со чинот ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската православна епархија, а поставувањето на камен-темелникот ќе го изврши заедно со градоначалникот на Општина Карпош, господин Андреј Петров.

 

Од канцеларијата на Скопската епархија