Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Света Софија – Охрид (13.06.2006)

 

 

 

Втор ден Педесетница во дебарскокичевската епархија беше прославен со Света Архиерејска Литургија во катедралниот храм на Св. Софија во Охрид, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво. На крајот од светата Литургија кон верниот народ Владиката се обрати со слово во кое им ги честиташе празнувањата на роденденот на Црквата.

 

 

 

 

 

 

 

            

 

известува: отец Игор Никовски