25 години од востоличувањето на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар (13.06.2006)
На празникот на светата Педесетница на 15.06.1981 година во соборната црква на светиот великомаченик Димитриј во Битола, за Епископ на Преспанко-пелагониската епархија беше востоличен Високопреосветениот Митрополит г. Петар. Ден пред тоа, неговата хиротонија ја изврши блаженоупокоениот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил заедно со другите Епископи на Македонската Православна Црква во црквата на свети Димитриј во Скопје.
За многу години, свет Владико!