Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на темели на нова црква (14.06.2006)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, денес во месноста наречена Амбарџица, која се наоѓа до селото Косел - Охрид, архиерејскиот намесник на Охрид, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, во сослужение на свештенослужителите: свештеник Никола Кипријанов, свештеник Љупчо Симиџиоски, свештеник Димче Ѓорѓиески и свештеник Игор Никовски, го освети и постави камен темелник за изградба на црква посветена на светите апостоли Петар и Павле.

Црквата ќе се гради со ктиторство на верникот Тоде Базгалоски од с. Лескоец и со доброволни даренија на верниците од Косел и охридско. Оваа црква ќе биде изградена на прекрасно возвишено место на неколку стотици метри од левата страна на магистралниот пат кој води од Битола за Охрид.

На оваа свеченост присуствуваа неколку стотици верници, кои со радост и восхит го проследија чинот на осветувањето, а ктиторот и иницијативниот одбор за сите присутни поставија трпеза.

 

         

 

 

 

         

 

известува: отец Игор Никовски