Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во манастирот во Лешани (19.06.2006)

Панаѓурските празнувања во Дебарско-кичевската епархија започнуваат со празнувањето на свети Еразмо Охридски на 15 јуни. Следниот празник е празникот на сите Светии, кој традиционално се одбележува во селото Лешани, во манастирот посветен на сите Светии или како што е познат кај народот „Си свети”.

Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј овој празник го одбележа со Света Литургија во истоименитиот манастир, во сослужение на свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво, како и јеромонахот Вартоломеј, кој живее во овој манастир.

На Светата Литургија Владиката кон големиот број на собрани верници се обрати со свечена беседа, во која говореше за добродетелниот живот на христијаните и за извршуавњето на заповедите од Евангелието кои ни ги даде нашиот Спасител Господ Исус Христос.

По завршувањето на Литургијата свештенослужителите и верниците во манастирскиот двор извршија Водосвет и Владиката го прекрши празничниот леб.



         


известува: отец Игор Никовски