Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид (03.07.2006)

Празнувањето на големиот охридски чудотворец свети Наум, во Дебарско-кичевската епархија се одбележа во манастирот на свети Наум Охридски на брегот на Охридското Езеро.

Вечерта на 02 јули (недела) надлежниот Владика на Дебарско-кичеваката епархија г. Тимотеј присуствуваше на Вечерната богослужба, а митрополитот Горазд со свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија и од Повардарската епархија отслужи празнична Вечерна богослужба. На Вечерната богослужба Владиката благослови и петолебие.

Утредента во преполнетата манастирска црква Владиката Тимотеј во сослужение со Владиката Горазд и бројни свештеници и свештеномонаси, отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургија со празнично слово кон верниот народ се обрати Владиката Тимотеј, а потоа Владиците и свештенослужителите се упатија во манастирскиот двор каде што Владиката изврши Водосвет и ги благослови и ги прекрши празничните лебови.

 

           Верниците кои беа дојдени во голем број трпеливо во ред чекаа за да влезат во храмот и да се поклонат пред гробот на свети Наум. Божествената служба со јасен глас се следеше и надвор од манастирската црква, благодарение на доброто озвучување. Дождот кој претходната вечер изобилно падна во Охрид и охридско, а денешниот ден постојано ја натопуваше земјата, сепак не ги попречи големиот број на верници - поклоници да дојдат во манастирот. Евидентно беше присуството на големи групи верници православни од Албанија, потоа не само од Охрид и охридско, туку и од Струга, Битола, Прилеп, Скопје... Редицата на верници не престануваше сѐ до доцните вечерни часови.

 

 

 

 

                               

 

 

 

        

известува: отец Игор Никовски