Архиепископот г.г. Стефан оствари средба со г-дин Питер Брин, парламентарец од Австралија (11.07.2006)
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозелнадската епархија, во просториите на Македонската архиепископија го прими господин Питер Брин, член на Парламентот на Нов Јужен Велс и на Легислативниот Совет на Лабуристичката партија во Австралија.
Разговорот беше фокусиран на состојбите на македонската православна зедница во Австралија, како и можностите за надминување на тамошните проблеми. Архиепископот изрази благодарност до г-дин Брин за пројавувањето на добрата волја и на желбата да дојде оддалеку и да ја посети Македонија и Македонската Православна Црква. Истакнувајќи ги врските меѓу двете земји, Архиепископот истакна: “Австралија на Македонците им ги отвори своите порти, а Македонската Православна Црква во Австралија стана дом за нашите луѓе. Иако тука беа одделени со граници, таму преку Црквата - им се даде можност да бидат заедно”.