Петровден (13.07.2006)
Централното одбележување на празнувањето на светите апостоли Петар и Павле во Дебарско-кичевската епархија се одржи во соборниот храм на светите Петар и Павле во Кичево.
На Светата Литургија чиноначалствуваше Владиката Тимотеј во сослужение со свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија и од Повардарската епархија. Владиката со празнично слово се обрати кон собраниот верен народ, во кое говореше за верата на светите апостоли Петар и Павле и за нивната проповед за спасението, за којашто маченички ги дадоа и своите животи.
По завршувањето на Светата Литургија Владиката Тимотеј и свештенослужителите се упатија во црковниот двор кадешто извршија мал Водосвет и ги благословија и прекршија празничните лебови.
известува: свештеник Игор Никовски