Градоначалникот на Гази Баба во посета на Архиепископот г.г. Стефан (20.07.2006)
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во просториите на Македонската архиепископија денес го прими господинот Коце Трајанов, градоначалник на општина Гази Баба. На средбата присуствуваше и протојереј ставрофор Коста Станоевски, секретар на Скопската православна епархија. Се разговараше за можноста за поставување на камен темелник на 26 јули на нова црква посветена на Соборот на свети архангел Гаврил во населбата “Ченто“.