Илинден во Дебарско-кичевската епархија (04.08.2006)
Големиот македонски празник – Илинден во Дебарско-кичевската епархија свечено се прослави со aрхиерејска богослужба во манастирот на Пресвета Богородица - Пречиста во Кичево, како и со осветувањето на четвртиот по ред конак, кој од темели се возобновува за време на архипастирствувањето на Владиката Тимотеј во оваа епархија.
Најнапред претходната вечер Владиката заедно со свештенослужителите од Дебарско-кичевската и Повардарската епархија отслужи Вечерна богослужба, а следниот ден со поголем број свештенослужители Владиката отслужи свечена архиерејска Литургија.
На светата Литургија беше прочитано и Илинднското послание од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. По завршувањето на светата Литургија на јужно-западната страна од црквата, Владиката го освети и благослови камен темелникот за изградба на нов современ конак.
известува: отец Игор Никовски