Плаошник (10.08.2006)
По повод празникот на свети Климент и на светиот великомаченик Пантелејмон во манастирот посветен на овие Светители на Плаошник - Охрид, вечерта на 8 август во 19 ч. Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Атангел и со повеќемина свештенослужители отслужи празнична Вечерна богослужба. Околу 30.000 верни, Охриѓани како и туристи коишто престојуваат во Охрид, дојдоа за да му се поклонат и да ги целиваат моштите на својот патрон и закрилник.
На 9 август во 9 ч. беше отслужена света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот г. Агатангел и со повеќемина свештенослужители, а по завршувањето на светата Литургија беше извршен Водосвет и беше прекршен празниниот леб, а веднаш потоа беше осветен и новиот мозаик со ликот на свети Климент Охридски.
известува: Павел Крцоски