Vesti i nastani
 
 
 
 
 

од Канецларијата на Скопската епархија на МПЦ (14.08.2006)

Скопската епархија на Македонската Православна Црква и Цементарницата „Усје“ се договорија за прекинување на договорот за изградба на нов односно за дислоцирање на оштетениот манастир на свети Трифун во с. Говрлево, скопско. Со тоа манастирската црква, црквичките, конакот и земјиштето, остануваат во владение на Скопската митрополија, заедно со грижата како истиот да се зачува.

И покрај тоа што манастирот не е споменик заштитен со закон, ниту во него се најдени археолошки или историски вредности (споменуваниот археолошки локалитет “Церје” е надвор од ридот на кој е манастирот и од концесионото поле), сепак Скопската епархија уште еднаш ќе ги испита сите алтернативни начини за негово непречено функционирање.

 

                                                  

                       ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА
СКОПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА