Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Преображение Господово (20.08.2006)

Денес 19 август 2006 година по повод Христовиот празник - Преображение на гората Тавор, Архиепископот Охродски и Македонси г.г. Стефан на покана на надлежниот Владика на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, отслужи свечена Литургија во црквата на светиот великомаченик Георгиј во Струга, во сослужение на свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија.

 

                     

 

 

На светата Литургија со пригодно слово кон насобраните верници се обрати Неговото Блаженство г.г. Стефан, кој на верниот народ со кротки зборови им ја опиша скриената димензија на настанот на гората Тавор.

Владиката Тимотеј ги причести верниците кои влегоа во првата недела од Богородичниот пост, а потоа архиереите и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 

 

 

         

 

известува: отец Игор Никовски