Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Donnybrook (Австралија) (10.09.2006)

На 9 септември 2006 год., на денот кога Црквата го празнува споменот на преподобен Пимен Велики и на светиот маченик Фануриј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар во сослужение на игуменот на манастирот о. Гаврил и сето свештенство од Викторија, го освети камен темелникот на новата манастирска црква посветена на свети Прохор Пчински во Donnybrook - Melbourne, Австралија. Со Божествената Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Петар. Привремената црквичка во манастирското место беше претесна за да ги прими сите верни што сакаа да присуствуват на Литургијата. На овој свечен и историски чин присуствуваа не само верници од Melbourne и околината туку и од други градови на Австралија: Sidney, New Castle, Geelong, Gold Coast… На свеченоста беа присутни претставници од многу македонски организации и личности од политичкиот кор во Австралија: г-дин Hars Jenkins, потпретседател на спикерот на Австралискиот парламент, г-ѓа Daniele Green, член на парламентот на Викторија и многумина други.