Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Охрид (01.10.2006)

На 30 септември 2006 година во катедралниот храм на Света Софија во Охрид со свечена Архиерејска Литургија се одбележа „Јубилејот - 25 години митрополит Тимотеј“.

 

 

  

 

 

 

                              

 

 

На почетокот на светата Литургија, за време на облекувањето на Владиците, од страна на свештенството, монаштвото и работниот персонал при Дебарско-кичевската Митрополија, а по повод јубилејот на Владиката Тимотеј му беа подарени инсигниите: крст, панагија и архиерејски жезол.

 

 

           

 

 

 

                                                                  

 

 

Од името, пак, на САС на МПЦ Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан кон верниот народ и кон Владиката Тимотеј се обрати со празнично слово, во кое со одбрани и пригодни зборови говореше за Владиката Тимотеј, опфаќајќи ја накратко неговата куса биографија, а особено се задржа на 25-те години од архипастирстувањето на Митрополитот Тимотеј, пожелувајќи му долги години, а потоа и му предаде архиерејска митра.

            

 

 

  

 

 

Од името на ракоположените свештеници од Повардарската епархија, чиј што администратор беше овие години, секретарот на Епархијата свештеникот Борислав Бобевски на Митрополитот Тимотеј му  подари архиерејска мандија.

Евидентно беше присуството на големиот број на верен народ, на свештеници, претставници од локалната власт, академици од МАНУ и пријатели, кои дојдоа во црквата за да го прослават заедно со својот Владика овој редок и значаен јубилеј.

Нека Ти се многу години високопреосветен Владико на кормилото на Дебарско-кичевската епархија.

На многаја лета!

 

                                              

 

 

 

  

 

 

 

 

известува: свештеник Игор Никовски