Митрополитот Агатангел интронизиран за митрополит на Повардарската епархија (09.10.2006)
Вчера во соборниот храм на св. Пантелејмон во Велес се одржа интронизација на Неговото високопреосвештенство митрополитот Агатангел за Митрополит Повардарски.
Свечениот чин беше извршен на Божествената Литургија, со која чиноначалствуваше Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, во сослужение со Архиереите на МПЦ и многубројно свештенство.
Во изминатите четири години администратор на Повардарската епархија беше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Митрополитот Агатангел со денешното интронизирање практично се враќа на должност во Повардарската епархија, со која раководеше две години во периодот 1999/2000 година.
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на Владиката Агатангел му порача да го чува православното достоинство и вистината македонска.