Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Охрид (25.10.2006)

Во понеделникот, на 23.10.2006 год., Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија изврши осветување и положување на камен темелник за црковна куќа во Охрид.

Црковната куќа ќе се гради во месноста Варош, т.н. Долна Порта, некогашниот влез во утврдениот град, од јужната страна на Самуиловата улица, во дворното место на црквата Св. Никола – Болнички, со финансиски средства на Епархијата.

По завршувањето на црковниот чин, Владиката г. Тимотеј изврши и обиколка и посета на двете Болнички цркви: на Пресвета Богородица и на Св. Никола. Овие две цркви датираат од XIV век, со зачуван фрескопис од 70-тите години на XIV век. Тие се секојдневно отворени за верниците и за туристите, кои при посетата на Охрид не ги одминуваат и овие две цркви.

 

              

 

известува: свештеник Игор Никовски