Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Ново Село (16.11.2006)

При својата посета на Струмица, на 4 ноември 2006 година, претседателот на Република Бугарија, Георги Прванов, присуствуваше на панихидата којашто беше отслужена во Ново Село на гробиштата на загинатите војници за време на балканските и првата светска војна. Панихидата ја отслужи архимандритот Арсениј со неколку свештеници од Струмичката епархија на Македонската Православна Црква.