Промоција на монографијата “Византиска Македонија” (16.11.2006)
Монографијата “Византиска Македонија” е дело на авторите Сашо Коруновски и Елизабета Димитровска, објавена на три јазици: македонски, англиски и италијански. Таа сведочи за нерскинливата врска на Македонија со византиската философија, култура, уметност и теологија за време на византиско-македонскиот период во средниот век, па сѐ до денес. Промоцијата ја отвори епископот Хераклејски г. Климент кој истакна дека симбиозата на Македонија со Византија се градела пред сѐ на литургиска и христијанска основа. На настанот присуствуваше и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.