Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на епархиски дом на Американско-канадската епархија на МПЦ (01.12.2006)

На 26-ти ноември 2006 година се изврши осветување на првиот Епархиски дом на Американско-канадската македонска православна епархија. Иако оваа македонска епархија во дијаспората егзистира повеќе од половина столетие, со овој молитвен чин таа за прв пат го доби својот духовен центар. Осветувањето го изврши надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј. Во чинот на осветувањето зедоа учество и бројни свештенослужители од поблиските црковни општини на Епархијата. Седиштето на новоосветениот дом се наоѓа во близина на едно, за нашата црква историско место, кадешто е основана првата Македонска правослвна црковна општина, во Гери, Индијана. Свеченоста започна уште во утринските часови со Архиерејска Литургија во црквата на светите Петар и Павле, Краун Поинт. Радоста со која православните верници ја дочекаа информацијата со која се официјализира местото на епархиското седиште беше забележлива и по масовното присуство на архиерејската богослужба. Самиот чин се заврши во попладневните часови пошто од страна на женската секција на црквата на Светите Патер и Павле беше организиран свечен прием во просториите на епархискиот дом.