Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение (03.12.2006)

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Петар во првата недела од Божикниот пост во манастирот на свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн – Австралија, игуменот на манстирот о. Гаврил отслужи сеноќно бдение. Бдението се служеше парлелно на македонски и англиски јазик. Впечатливо беше присуството на голем број млади луѓе кои зедоа активно учество во Богослужбата. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв Христови.         

 

Во манастирот веќе редовно се служи Литургија на македонски и англиски на која пеат и присуствуваат на молитва пред сè млади луѓе.

 

 

 

          

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско–пелагониски и администратор за Австралија и Нов Зеланд г. Петар е оформена Македонска Православна Младинска огранизација на Австралија – МОЅА,  која активно помага во ширењето на православната вера меѓу нашите луѓе.