Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на свети Климент Охридски во Брегалничката епархија (10.12.2006)

По повод патрониот празник на Македонската Православна Црква, свети Климент Охридскиот Чудотворец, во соборниот храм на свети Николај – Штип чествувањата започнаа со Вечерна богослужба на 07.12.2006 година, на која началствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештенослужители од Епархијата.

Утредента, пред Светата Литургија Неговото Високопреосвештенство го изврши чинот осветување на антиминси за потребите на Брегалничката епархија. Во продолжение, во присуство на голем број верници беше отслужена Света Литургија, на која сослужуваа свештенослужители од Брегалничката епархија.

По Светата Литургија беше благословен и прекршен празничниот колач, во чест на основоположникот и просветителот на нашиот народ – свети Климент Охридски.