Архиерејска Божествена Литургија (18.12.2006)
Во неделата, на 18.02.2006 година, на денот кога се празнуваат светата великомаченичка Варавара и свети Јован Дамаскин, Архипископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на свети Никола во Љубанци. На Литургијата верните се причестија со Светите Тело и Крв Христови. „Блажени се оние коишто уште во овој живот се облекле во Светлината на светот – во Христа – зашто веќе ги имаат на себе одеждите на непропадливоста.“ (Старец Ефрем Филотејски)