На празникот на свети Никола (20.12.2006)
На паразникот на свети Николај Чудотворец во храмот посветен на овој Светител во Престон - Мелбурн во Австралија, кој е еден од првите македонски храмови во дијаспората, се отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургија присуствуваше голем број верен народ, а многумина се причестија со Светите Тајни Христови.
Градежните зафати околу изградбата на новата административна зграда и камбанаријата се при крај и се очекува да бидат завршени во почетокот на наредната година.