Нов игумен за Лесновскиот манастир (05.01.2007)
На 05.01.2007 година, Лесновскиот манастир доби нов игумен, отец Дамаскин. Отец Дамаскин е ракоположен за свештеномонах во Лесновскиот манастир во 2000 година од тогаш новоизбраниот Архиепископ Охридски и Макдонски г.г. Стефан, кој исто така во параклисот на свети Наум Охридски, дел од Лесновскиот манастир, го призведе и за игумен.
Во своето обраќање кон новопроизведениот игумен, г. г. Стефан, меѓу другото му порача дека треба да го продолжи патот на свети Наум Охридски и на светот Епископ Велички Гаврил Светогорец, да се грижи за својата паства, имајќи го секогаш покрај себе за помош досегашниот игумен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој секогаш ќе биде со своите собраќа.
На крајот од Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан го благослови и пресече славскиот колач и изврши помен при гробот на Епископот Велички Гаврил Светогорец.