Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свети Николе (16.01.2007)

Во храмот на Свети Николај во Свети Николе на 14.01.2007 година, на празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен народ отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение со повеќе свештенослужители од Епархијата.

На Светата Литургија Дејан Петрушевски беше произведен за чтец, а ѓаконот Саша Михајловски беше ракоположен во свештенички чин.

По литургијата, во с. Сарамзалино, беше поставен камен темелник за изградба на нов храм посветен на Успение на Пресвета Богородица.