Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Мошти на свети Јован Кукузел пристигнаа во манастирот во Рајчица (16.01.2007)

На 15.01.2007 год., кога Светата Православна Црква ги слави св. Силвестер папа Римски и св. Серафим Саровски, во Бигорскиот манастир пристигнаа светите мошти на св. Јован Кукузел.  Овој голем светител и автор на многу црковни химни бил Македонец по потекло од овие краишта. Моштите пристигнаа преку Големата Лавра (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите), а од манастирот на Светото Преображение во Бостон. Поточно тие се подарок на братска љубов од старецот на манастирот о. Пантелејмон за молитвен спомен на архимандрит Партениј, а во чест на тоа што во родните краишта на св. Јован Кукузел му е подигнат параклис (во метохот на св. Георгиј Победоносец, во с. Рајчица, дебарско).

 

 

                             

 

 

Веднаш после пристигнувањето, моштите беа ставени во чист пчелин восок и вградени во сребрена кутија и беа пренесени во метохот, во параклисот посветен на овој наш голем светител.

За преносот беа задолжени бигорските свештеномонаси о. Доситеј и о. Јосиф. Со торжествено биење на камбаните, моштите беа пречекани од сестринството на манастирот и манастирските гости.

 

 

                      

 

 

 

 

 

На многаја лета!

Свети Јован Кукузел моли се за нас!  

 

Известува: свештеномонах Доситеј од Бигорскиот манастир