Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Водокрст (18.01.2007)

Ноќта спроти празникот на Водокрст во Бигорскиот манастир беше отслужено традиционално бдение, со кое чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, во сослужение со архимандритот Партениј, игумен на манастирот, како и свештенослужители од овој манастир. Во текот на бдението беа прочитани Царските часови и отслужена вечерна богослужба со Василиева Литургија. На крајот од Литургијата беше извршен Голем Богојавленски Водосвет.

 

 

       

 

 

 

        

 

 

 

       

 

 

 

       

 

На бдението, по традиција, „кумовите“ од селата заедно со своите пријатели и соселани, како оние што постојано живеат во овој крај така и раселените, и верници од целата Република доаѓаат на „врзување крстови“. После водосветот, „кумовите“ ги земаат крстовите со босилек и сад со светена вода и одат во своите села да го однесат благословот.

 

Известува: јеромонах Доситеј