Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавленски Водосвет на реката Радика (20.01.2007)

Вчера, на празникот Богојавление, празнична Утрена и Божествена Златоустова Литургија во црквата на Успението на Пресвета Богородица во селото Ростуше, отслужи архимандритот Партениј во сослужение со свештеномонасите од Бигорскиот манастир. По богослужбата, монасите од Бигорскиот манастир заедно со сестрите од манастирот во Рајчица и присутните верници се упатија во литија кон мостот на реката Радика во селото Ростуше, оддалечен неколку километри од црквата на Успението. После молитвословот на Големиот Богојавленски Водосвет, архимандритот Партениј одржа кратка беседа, по што го потопи светиот крст во водите на реката Радика. За оној што прв го фати крстот следуваше награда - икона на Богојавление и телевизор, кој го подари г-дин Хари Локвенец од Прилеп.

 

 

 

                                  

 

 

   

                   

 

 

 

                    

 

 

 

                   

 

 

 

                                                        

 

известува: јеромонах Доситеј

(манастир на св. Јован Крстител - Бигорски)