Градоначалникот на Скопје и Борис Трајанов во посета на Бигорскиот манастир (24.01.2007)
Вчера, Бигорскиот манастир на свети Јован Крстител беше посетен од двајца негови големи пријатели и помагачи, г-дин Трифун Костовски и г-дин Борис Трајанов. После поклонението во храмот и обиколката на конаците, градоначалникот на Скопје со сопругата и нашиот познат оперски пеач беа примени од игуменот на манастирот, архимандрит Партениј, и им беше принесена скромна трпеза на љубовта.
известува: јеромонах Доситеј (Бигорски манастир)