Црквата на свети Атанасиј во с. Долно Седларце (тетовско) го прослави својот патрон (05.02.2007)
Селото Долно Седларце се наоѓа западно од градот Тетово. Во старо време овде постоела црква посветена на свети Атанасиј Велики, за што сведoчи еден голем камен крст со тешко читлив запис. Оваа црква е возобновена во годините 1984-1985, а е осветена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
И оваа година Владиката Кирил по повод храмовиот празник им се придружи на многубројните верници во чествувањето на нивниот заштитник, свети Атанасиј Велики. Неговото Високопреосвештенство изврши водосвет и ги благослови славските колачи, а потоа и трпезата на љубовта, приредена од благочестивите селани.
известува: о. Синиша Ристовски