Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Возобновена црквата на Пресвета Богородица во Гостивар (05.02.2007)

Изградбата на црквата на Пресвета Богородица во Гостивар е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, поголем реставраторски зафат над црквата е направен во 2003 година. Со несебични заложби на  нашиот Архиереј, намесникот, свештениците и богољубивиот народ од Гостивар и од дијаспората, оваа црква стана еден од најубавите храмови во Македонската Православна Црква. Беше извршено целосно малтерисување (внатрешно и надворешно) и поставена изолација против влага, почнувајќи од темелите па сè по ѕидовите на црквата. Низ целата црква е поставен гранит и подно парно. Извршено е ретуширање на целиот иконостас и фреските. Возобновена е и црковната административна зграда, крстилницата посветена на свети Климент Охридски, библиотеката, свештеничките станови, трпезаријата и свештеничката канцеларија.

 

 

                             

 

 

                                                       

 

 

                                                                                                               известува: протоереј-ставрофор Боге Богоески