Sydenham, Мелбурн (06.02.2007)
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Петар, се одржа летниот црковен камп по веронаука, во просториите на црквата на Рождеството на Пресвета Богородица во Sydenham, Мелбурн, Австралија. Ова е веќе втора година како старешината на соборната црква о. Мирко Пешевски организира ваков црковен камп, кој доживува сè поголем интерес. Оваа година часовите по веронаука ги посетуваа 32 деца, кои ги изучуваа основите на нашата света православна вера. После Вечерната богослужба на денот на св. Григориј Богослов, Владиката Петар им ги врачи свидетелствата на децата и им подари по една икона и книга. Децата, пак, приредија мал рецитал и организираа изложба од своите ракотворби за време на кампот.
известува: игумен Гаврил од манастирот
на св. Прохор Пчински - Мелбурн, Австралија