Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Празникот на свети Атанасиј Велики прославен во Оризари (09.02.2007)

Во кочанската приградска населба Оризари, во храмот на св. Атанасиј Велики, на 31. 01. 2007, ден посветен на овој светител, Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многубрен народ. По Светата Литургија беше осветен и пресечен славскиот колач.

“Свештеноначалниче Атанасие, ти си бил тврдина на Православието и со божествените догмати си ја утврдил Црквата. Си проповедал дека Синот е едносуштен со Отецот и си го посрамил Арија. Оче преподобен, моли Го Христа Бога да ни дарува голема милост.”

 

        

 

 

        

 

 

 

 

Известува: ѓакон Саше Ристов