Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Crown Point, Индијана (11.02.2007)

На 11 февруари, на денот кога Светата Православна Црква го слави споменот на Пренесување мошти на Свети Игнатиј Богоносец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американскоканадски г. Методиj отслужи празнична Божествена Литургија во храмот на Светите Петар и Павле во Crown Point, Индијана.

 

 

              

 

 

 

              

 

На овој датум се празнува преносот на моштите на Свети Игнатиј Богоносец од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во која порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите мошти, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Кога Персијанците ја заземаа Антиохија, моштите на Свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим. 

 

Подготвил:

Секретарот на АКМПЕ
ѓакон Стеван Барјактаров