Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Вечерна служба на Прочка (19.02.2007)

Kако и претходните години, така и оваа, на денот на Велигденските поклади, во манастирот на свети Јован Бигорски, мноштво верни, духовни чеда на о.Партениј, дојдоа заради исповед пред почетокот на Чесниот пост како и заради меѓусебно простување на евентуално сторени гревови.

Вечерната богослужба започна во светли одејанија, а заврши во темни. Исто така беа сменети и завесите и прекривките пред иконите. По Вечерната богослужба Архимандритот Партениј одржа кратка, но многу содржајна беседа за тоа како реката Радика стана Јордан, покрај кој Крстителот повторно го повикува народот на покајание.

Се прочитаа и молитвите за почетокот на постот, а потоа сите меѓусебно си побараа прошка. Потоа беше послужена трпеза на љубовта, која заради мноштвото верни се послужи во големата трпезарија.

 

 

              

 

Известува: јеромонах Доситеј,
манастир св. Јован Крстител - Бигорски