Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Македонска Православна Епархија за Европа (23.02.2007)

На 17 февруари 2007 година, во Хамбург, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Неговото Високопреосвештенство Европскиот Митрополит г. Пимен, со свештенството од Европската епархија. На Литургијата јеромонахот Теофил Манушев беше произведен во игумен на манастирот на светите Кирил и Методиј во Париз. Потоа беше одржано годишно Изборно епархиско собрание.

 

 

                               

 

 

 

 

                              

 

 

Претходниот ден, на 16 февруари, Митрополитот г. Пимен одржа предавање на тема „Македонската Православна Црква и Православието“, пред четириесеттина претставници од English Speaking Union, во која членуваат голем број интелектуалци и бизнисмени од Хамбург. На ова предавање присуствуваа и црковни достоинственици, Амбасадорот на Р. Македонија во Германија д-р Ѓорѓи Филипов, почесниот конзул на Р. Македонија од Хамбург г-дин Ханс Јурген Беш и други високи гости.
На денот на Прочка, 18 февруари, новото Епархиско раководство ја одржа својата прва седница.

 

 

 

 

 

известува: Стојанка Тежак