Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Тодорова сабота во Свети Николе (27.02.2007)

Градот Свети Николе традиционално ја празнува Тодорова сабота. За овој празник овде се собираат многу луѓе од источните предели на Македонија, каде по Литугијата во храмот на св. Николај, празнувањата продолжуват на градскиот плоштад со настапи на разни културно-уметнички друштва.

И оваа година не изостана оваа традиција, па така на 24.02.2007 година, , Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Божествена Литургија во црквата на св. Николај во Свети Николе, каде што присуствуваа огромен број верници и пристапија кон Светата Чаша за причест.

 

 

          

 

 

 

          

 

 

 

         

 

Утредента, на 25.02.2006 година, Недела на Православието, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на св. Николај во Штип.

 

 

          

 

 

         

 

 

 

 

 

Известува: ѓакон Саше  Ристов