Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бдение во манастирот во Donnybrook (02.03.2007)

Во втората сабота од Великиот пост, кога Црквата Божја го слави светиот Римски папа Лав, во манастирот на светиот пустиножител Прохор Пчински во Donnybrook, Австралија, игуменот на манастирот о. Гаврил отслужи сеноќно бдение, на кое верните се причестија со Светите Тајни Христови.

 

 

                          

 

 

 

 

                                                            

 

 

„Празнува Јудеецот, но по буква, бидејќи тој држејќи се за телесниот закон не достигна до духовниот закон. Празнува и Елинот (т.е. незнабожецот), но телесно и според сопствените богови и демони, од кои, како што велат и самите незнабошци, едните се причинители на страстите, а другите се почитувани заради страстите. Заради тоа тие ги празнуваат на тој начин што си ги задоволуваат страстите и кај нив да правиш грев значи да го почитуваш божеството под чија закрила е конкретната страст. Празнуваме и ние, но како што Му е угодно на Духот, а Нему Му е угодно да празнуваме говорејќи или правејќи го она што прилега. И да празнуваш за нас значи да стекнуваш во својата душа трајни и вечни богатства, а не преодни и распадливи, кои не толку го задоволуваат чувството колку што му наштетуваат и го изопачуваат.“ (свети Григориј Богослов)   

 

известува: о. Гаврил