Меѓународен Славјански институт на Москва во Свети Николе (02.03.2007)
По покана од Деканот на Меѓународниот Славјански институт на Москва во Свети Николе, г-дин Јордан Ѓорчев, Митрополитот Брегалнички г. Иларион на 01. 03. 2007 година го посети Институтот, при што пред присутните студенти одржа предавање, на тема: „Охридската архиепископија и возобновувањето на нејзината автокефалност во лицето на Македонската Православна Црква како и односите со Руската Православна Црква”.
На предавањето, кое со особено внимание беше проследено, покрај студентите беа присутни и Првиот секретар на Амбасадата на Руската Федерација, г-дин Константин Бесењев, академиците г-дин Никола Кљусев и г-дин Димитар Димитров, градоначалникот на Свети Николе г-дин Слободан Даневски, професорите на Институтот и други почитувачи и љубители на МПЦ и нејзината историја, како од Свети Николе така и пошироко од Р. Македонија.
известува: ѓакон Саше Ристов