Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велико повечерие (07.03.2007)

Голема е силата на соборната молитва, а особено во времето на Великиот пост. Возљубени браќа и сестри целта на спасението и целта на целиот наш живот е соборно дело, зашто навистина Бог така ја устрои човечката заедница преку соборноста сите да бидат едно, како што и Отецот, Синот и Светиот Дух се едно.

Во храмот посветен на големите словенски просветители и учители “Св. Кирил и Методиј” во Чикаго на 06.03.2007 год. беше отслужено Велико повечерие со кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско-канадски г. Методиј во сослужение на свештенослужителите на средно-западното Американско намесништво на АКМПЕ.

 

 

                         

 

 

 

 

 

известува: ѓакон Стеван Барјактаров