Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со Амбасадорот на Шпанија во Република Македонија (09.03.2007)
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Македонската архиепископија оствари средба со Амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, Неговата Екселенција, господин Хосе Мануел Пас Агуерас.
Архиепископот му посака срдечно добредојде на првиот шпански амбасадор за Македонија, запознавајќи го со долговековната христијанска традиција и со духовните вредности на оваа земја, како и со актуелните црковни прилики со коишто се соочува Македонската Православна Црква.