Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Поставени темелите на манастирот во Донибрук, Австралија (13.03.2007)

Со благослов на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар се подигнаа темелите на првиот жив манастир во дијаспората - манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук, во близината на Мелбурн, Австралија. Манастирот се планира да биде и е епископско седиште. Архитектурата на манастирот ќе биде во стариот македонски стил на градба и како таков едиствен во Австралија. Многумина Македонци кои живеат во Австралија помагаат финансиски или со труд во изградбата на манастирот. Тој уште сега станува духовен центар на многумина кои вистински Го бараат Бога во своето срце, а особено младите, кои се најредови посетители и активни учесници во богослужбите и активностите на манастирот. Така, Здружението на македонската православна младина во Австралија (МОУА) одржува редовни средби во манастирот, на кои во последно време присуствуваат дури и возрасни лица.

 

 

           

 

 

 

           

 

 

известува: јеромонах Гаврил,
игумен на манастирот на св. Прохор Пчински
Донибрук, Мелбурн