Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Зелено светло за веронауката (29.03.2007)

Воведувањето на веронаука во основното образование доби зелено светло од собраниската Комисија за образование, наука и спорт.

- Измените на Законот се бараат за воведување на предметот веронаука во основното образование како изборен предмет. Се предвидува на учениците да им се нуди алтернатива, односно да избираат меѓу изучување веронаука предавана од теолози или изучување историја на религијата, предавана од социолози - рече заменик-министерот за образование и наука Јован Лазаров.

Преземено од македонскиот весник „Дневник“