Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Црква Воскресение Лазарово, Охрид (31.03.2007)

На 28.03.2007 г., во просториите на црквата на Пресвета Богородица – Каменско, во Охрид, беше одржан работен состанок на Иницијативниот одбор за изградба на црквата на Воскресението Лазарово, на градските гробишта во Охрид.

На состанокот беа поканети сите членови на Иницијативниот одбор, меѓу кои се: Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, градоначалникот на Охрид г. Александар Петрески и останати видни личности од градот - г. Ѓорѓи Љаткоски, г. Бранко Арнаудов, г. Боро Павлески, г. Бранко Трпчески, г. Ѓуро Шурбаноски, г. Раде Трајкоски, г. Бошко Иљоски и г. Драган Тодороски. На состанокот претседателствуваше Владиката г. Тимотеј.

Иницијативниот одбор за своја цел ја постави целосната изградба на црквата во оваа година и внатрешно и надворешно. За таа цел, бидејќи поголемиот дел од членовите се видни бизнисмени и луѓе кои активно учествуваат во јавниот живот во Охрид, беше решено тие и самите да помогнат и финасиски и во донирањето на градежни материјали.

 Темелите на црквата посветена на Лазаровото воскресение се поставени на 29/16. 08. 2004 година, и до сега градбата е веќе една третина изградена, но сè уште претстојат повеќе градежни зафати кои треба во најскоро време да се завршат. Носител на проектот е веќе починатиот архитект Тодор Паскали, а изведувач на градежните работи е Охридската градежна фирма „МИТАН пром“ од Охрид и г. Перо Митаноски.

 

Известува: свештеник Игор Никовски