Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Краун Поинт (01.04.2007)

„Колку е голема довербата што ја имаше Лазар кажува и самото чудо. Зaшто, колку што Бог го љубеше Лазар, толку и Лазар Го љубеше Бога и својата љубов ја покажа најпрвин преку големото послушание што го имаше кон Спасителот. Зашто сето она што Бог го заповеда, Лазар го исполни. Тој беше мртов, и кога Бог му заповеда: „стани, излези од гробот “, тој Му беше послушен и тогаш кога беше мртов - стана, воскресна и застана пред Господа. Тоа е чудо не само на Божјата љубов туку и чудо на човечката љубов; зашто тогаш кога ја имаме таа љубов, кога Бог ќе повика да станеме и да воскреснеме ние ќе воскреснеме во денот што Бог го определил за нас. Тој ден е денот на нашето спасение, денот кога повторно во прегратката на живиот Бог ќе живееме вечно. Амин.“

 

 

      

 

 

 

     

 

известува: ѓакон Стеван Барјактаров